Мицкоски: ЕУ треба да и даде датум за преговори на Македонија и да не ја уценува со дополнителни отстапки

17.11.2021 / 13:19


ЕУ треба да се одважи и да даде датум за преговори на Македонија и да не ја уценува државата со дополнителни отстапки.

Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода и додаде дека во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение, што е во рамки на Резолуцијата која беше донесена во македонското Собрание.

– Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото не убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи тие лажат, така е и овој пат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека час поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат било кои од европските политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.

– Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности, овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија  и да не не уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори, изјави Мицкоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

СДСМ ги очекува невиден дебакл во Скопје

пред 6 часа
Македонија

Раководството на СДСМ е во скут на бугарското разузнавање

пред 6 часа
Македонија

Пензионерот Пендаровски решава балкански мистерии: Зад атентатот на Глигоров стои Милошевиќ

пред 23 часа
Македонија

Има докази дека некој од Македонија им помага на бугарските служби во хајката против македонската влада и Мицкоски

пред 1 ден
Македонија

Главната антикорупционерка ќе одговара за оддавање службена тајна

пред 2 дена
Македонија

Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

пред 2 дена
Македонија

Никој во СДСМ не се нафаќа да биде кандидат за градоначалник на Скопје?

пред 2 дена
Македонија

Молк во Софија: Мицкоски побара со Бугарија да предложат Резолуција до ЕП со која ќе се признае посебен македонски јазик и идентитет

пред 2 дена
Македонија

Мицкoски: Не гледам зошто би имале уште една лидерска средба со Филипче

пред 3 дена