Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање какви се очекувањата од средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, рече дека нема големи очекувања.
Имајќи ја предвид мојата анализа која вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, еве ќе бидам повторно дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо. Очекувам некој дијалог на „пул асајд“, ние така го викаме, „на коњопој“ и тоа е отприлика тоа – одговори Мицкоски.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, треба да се сретнат в четврток во Софија на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8.
Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земји произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. По нејзин совет, премиерот Христијан Мицкоски го замоли Муцунски да побара средба со Петрова, во обид за се поттикне процесот за решавање на проблемот околу бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија.(МИА)







Comments are closed for this post.