Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација. Очекувано Швајцарија беше огромен фаворит и победи со 3-0. За разлика од мечот во Скопје, нашите момци играа подобро, особено во првиот дел кога бевме рамноправни и примивме гол по грешка на Муслију.

Во вториот дел нашата игра целосно се распадна и следуваа уште два гола на домаќините. Она што е загрижувачки е што Македонија не шутна ниту еднаш во рамките на голот.

Ова е осми меч на селекторот Седлоски без победа.