Европската Унија изјави дека е длабоко загрижена поради измените на Законот за специјализирани комори, кои, според официјалните лица во Брисел, се во спротивност со меѓународните обврски на Приштина кон ЕУ.
„Го повикуваме Косово да се придржува до своите меѓународни обврски за гарантирање на судската независност на Специјализираните комори на Косово, како и до својата посветеност на обезбедување одговорност и обезбедување правда за жртвите и нивните семејства од сите заедници во Косово“, изјави портпаролот на ЕУ, Кристијан Виганд.
Специјализираните комори се со седиште во Хаг, но се дел од судскиот систем на Привремените институции на Приштина.
Европската Унија е нивниот главен финансиски поддржувач.
Според измените на Законот за специјализирани комори, усвоени од Собранието на Приштина во вторник, надлежноста на овој суд се стеснува и по предмет и по време, се скратува максималната казна, осудените би ја отслужувале казната во затворите во Косово, а се воведува и можноста претседателот на Косово да помилува осудено лице, пишува „Политика.рс.
Според амандманите усвоени од Приштинскиот парламент, надлежноста на Специјализираните совети се стеснува и по предмет и по време, се скратува максималната казна, осудените би ја отслужувале казната во затворите во Косово, а се воведува и можноста претседателот на таканареченото Косово да помилува осудено лице.
Амандманите ги предложи Демократската партија на Косово, откако Специјализираните совети на 16 септември осудија четворица поранешни водачи на таканаречената ОВК на вкупно 81 година затвор за воени злосторства.

Што сака да промени Приштина?
Измените предвидуваат судот да постапува само за дела директно поврзани со наводите за трговија со органи од извештајот на Дик Марти. Истовремено, опфатениот период би се ограничил на јули 1999 – декември 2000, исклучувајќи го претходниот период од јануари 1998.
Предметите надвор од новиот опфат би се префрлиле во редовните косовски судови. Предвидени се и издржување на казните во Косово и можност за претседателско помилување.
Иницијативата следува по септемвриските осудителни пресуди против Хашим Тачи и уште тројца поранешни лидери на ОВК. Пресудите не се правосилни, а трговијата со органи не била дел од нивното обвинение. Парламентарното гласање само по себе не ги поништува пресудите и не значи ослободување на осудените, нагласува Радио Слободна Европа.
Токму тука е суштината на спорот: промената на надлежноста по донесени пресуди отвора сомнеж дали целта е подобро уреден суд или политичка интервенција во одговорноста на конкретни луѓе.
Овој суд не е поранешниот Хашки трибунал
Специјализираните совети за Косово се посебна институција. Како што објаснува самиот суд, тие се основани врз меѓународен договор, уставна измена и косовски закон. Имаат меѓународни судии и седиште во Хаг, но се дел од косовскиот правен систем. Нивниот првичен временски опфат ги вклучува злосторствата извршени од почетокот на 1998 до крајот на 2000 година.
Тоа е различна правна конструкција од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија. Неговиот наследник, Меѓународниот резидуален механизам, е орган на Советот за безбедност на ОН. Србија, Хрватска или Босна и Херцеговина не можат со гласање во својот парламент да ги поништат неговите пресуди.
Извор Политика.рс







Comments are closed for this post.