Не било се така како што ние видовме – насмевки и поздравувања, на самитот Западен Балкан со Франција и со Германија, објавуваат германски „Ди велт“ и париски „Фигаро“ повикувајжи се на неименувани дипломатски извори. Зад сцената имало дипломатски маневри, а во фокусот била Македонија и премиерот Зоран Заев.
Најинтересно за нас е како дошло до тоа „во Берлин да се истури ладна вода врз балканските надежи“, како што констатирап „Фајненшел тајмс“. И да додадеме – зошто Заев не е награден, а му успеа проектот – договор со Грција за промена на уставното и историско име?
Анализите првин посочуваат дека овој самит е реакција на Русија и на Турција како играчи кои се наметнуваат во регионот, односно помалку или повеќе успешно ја пополнуваат „европската дупка на Балканот“ оставена да се шири од 2000. година. А, потоа и неизбежниот мамутски кинески проект „16+1“ кој сега стана „17+1“ со влегување на Грција.
Угледните весници посочуваат дека токму Емануел Макрон сега гледа шанса да ја врати улогата на Франција во регионот, како што некогаш било, односно до распадот на Југославија. Практично Франција по Дејтонскиот договор се врти кон други региони, во времето на претседателот Франсоа Оланд се враќа како глобален играч, но го заборави Балканот. Сега се враќа и тука настанал краткиот спој со Германија и нејзините инереси, што во моментов е многу повеќе од таканаречениот „германски индустриски комплекс на влијание“, зашто токму канцеларката Ангела Меркел е една од главните политичари кои го создадоа Преспанскиот договор.
Па, следејќи ја таа политичка линија, а и логика, Меркел, се повикува „Ди велт“ на своите извори, зад сцената се залагала Заев да ја добие ветената награда – отворање на првите поглавја, односно почеток на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Таква позитивна атмосфера преовладува и во повеќе членки на ЕУ и во Европската комисија, но има и некои кои уште сметаат дека Македонија не е зрела за почеток на преговори, како на пример Холандија.
Сепак, Макрон има свои математики и интереси – сака Франција да ја врати на Балканот, но во предвид ги има и мајските избори за Европскиот парламент. Доколку Макрон му даде зелено светло за почеток на преговори, тоа многу негативно ќе му се одрази на домашен план – ултрадесничарката Марин ле Пен која е против проширување на ЕУ, би го растурила на изборите. Таков луксиз Макрон не сака да си дозволи, па затоа токму тој бил што го држел бокалот со ладна вода и му го истурил на премиерто Заев.
Дипломатските извори велат дека работата уште не е готова, дека Меркел ќе има посебна средба со Заев летово и оти се очекува некаде во јули Макрон да излезе со својот став. Претходно лично тој ќе патува во Беград, а министерот за надворешѓни работи на Франција во Приштина и во Албанија за да се обиде да поттурне решение меѓу двете земји кои се се подалеку од некаков политички договор за идните меѓусебни односи.
Следи фаза на важни разговори
„Два важни разговори ќе следуваат по Берлинскиот самит. Првин, Меркел ќе има специјална средба со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. Потоа, Макрон најверојатно ќе ја даде наградата на Северна Македонија за промената на името со итен почеток на преговорите за членство. Но, Макрон кој овеќе е фокусиран а продлабочување на односите во ЕУ отколку на проширвање, тоа не го сака. Меркел ветила дека ќе продолжи да го притиска Макрон за Северна Македонија да добие старт на преговори, но тоа после европските избори. Доколку Макрон си стои на зборот“, пишува „Ди велт“.
Во моментов јасно е дека најголеми главоболки задаваат српско-албанските односи, па токму таму ќе се насочи енергијата за барање решение. Но, успорен е и патот на Србија кон ЕУ. Од тие причини премиерите на Грција, на Бугарија и на Романија испратиле писмо до ЕУ во кое бараат да се забрза ЕУ интеграцијата за Србија. За жал не слушнавме дека такво писмо од регионалните лидери имало и за Македонија, особено по концесиите кои им ги даде на Бугарија и на Грција. А, би бил убав добрососедски гест.
Comments are closed for this post.