Потребен ни е поширок, посилен и поорганизиран фронт. Тоа е еден дел од лекциите кои ги научивме од локалните избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот кој што претстои, изјави Филипче.Со тоа СДСМ и лидерот Филипче го изгубија правото да бараат лидерска средба со премиерот Мицкоски. Филипче и Мицкоски досега имаа една лидерска средба во април годинава а потоа првиот човек на СДСМ уште неколку пати бараше да се сретнат. Мицкоски на тоа одговараше дека не ја гледа потребата за нови средби.
Филипче не може веќе да бара лидерски средби, СДСМ е трета партија во Македонија

Резултатите од локалните избои ја појаснија политичката сцена во Македонија и „тежината“ што ја имаат лидерите на најголемите партии. . Со освоени само шест општини и 126.000 гласови СДСМ е трета партија во државата и петта во главниот град. И покрај овој факт, Филипче вчера нагласи дека се единствената политичка сила која што може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.