Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба. Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. 

Вели дека денес наместо неправда, има правда за сите.

Случајот „Рекет“ и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што произлегоа од снимките од масовното прислушување. Сите тие случаи мора да продолжат да се процесуираат и да добијат судска разврска за да има правда.Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво“, вели Костадинов. 

Тој вели дека секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски ќе одговара.