Вилма Русковска ја компромитираше целата истрага со развлекувањето на целиот случај, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Така развлекувајќи ја истрагата Русковска ги штити вистинските нарачатели на милионскиот РЕКЕТ, сите знаат дека Боки 13 не рекетирал сам“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНе, Димче Арсовски.

Тој рече дека Кирацовски и самиот признал дека бил посредник на средбите на Боки 13 со градоначалници и бизнисмени со сите оние кои биле предмет на рекетирање.

Главното прашање е следново: За што и кај кого се му посредувал Кирацовски на Боки 13? Ако знаеме дека посредувал кај бизнисмен и градоначалник од редовите на СДСМ, што му посредувал и што се им кажал за да ја договори целата средба? Колку пари има изрекетирано Бојан 13 од посредништвото кое што му го обезбедил Кирацовски? Дали дел од стекнатата корист на Боки 13 завршила и кај Кирацовски?“, прашува Арсовски.

Тој бара одговори и акција од Обвинителството.