Дали недавањето статус кандидат на Македонија е недоверба од страна на ЕУ кон земјата, е едно од прашањата кои му беа поставени на австрискиот претседател Александар ван дер Белен кој учествува на Безбедносниот форум во Белград.

За Ван дер Белен ова е комплицирано прашање, зашто како што рече и внатре во ЕУ има недоверба.

Тоа го кажаа Британците на референдумот, кои рекоа дека немаат доволно доверба во проектот на ЕУ, рече австрискиот претседател.

Тој потоа информираше дека според едно последно истражување, во Австрија големо мнозинство сметаат дека треба да останеме во Унијата, а како што истакна тој „на Западен Балкан, очигледно е дека работите не се одвиваат така како што  мислиме дека треба – на пример судирот меѓу Словенија и Хрватска, членки на Унијата и никој не знае за што тие се расправаат, цинично да се изразам“, рече тој.

Проблемот за името  на Македонија. Кога бев пратеник во парламентот, до пред шест години, имав редовни состаноци со грчкиот амбасадор во Виена. Секогаш добро разговаравме, но една работа ме нервираше тоа е името на Македонија. Оној фамозен БЈРМ. Мене апсолутно ништо не ми е јасно за што станува збор .

Ван дер Белен спомна дека Австрија има проблеми со коринтските Словенци, притоа додаде дека „треба храброст за да се продолжи дијалогот, наместо да се замрзне конфликтот“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, нагласи  две важни прашања – едното е состојбата во регионот на Западен Балкан и сите стравови со кои се соочуваме после неуспешниот македонски референдум. После изборите во БиХ се осмелувам да кажам дека ни е потребно да имаме посилно присуство на ЕУ, инаку ЕУ нема да биде она светло на демократија и слобода кон кое се стремевме до сега, рече српскиот претседател.

Она што се случи во Македонија е очигледно дека договорот кој го склучија двете страни, а беше добар за двете земји,  не го прифати народот, тој не му се допадна. Наместо тоа да го признаат играме со разни математички формули, се залажуваме.. Добро, им понудија колач, ќе бидете дел од НАТО, ние во Србија ја немаме таа аспирација, па добро тие рекоа тие приказни ги слушаме 12 години, ни треба нешто опипливо, нешто што тие луѓе во Македонија сакаат да го видат со свои очи, во своите џебови. Мислам дека во таа понуда нешто недостигаше. Луѓето во Европа мислеа дека европската поддршка е доволна, но мораме да понудиме нешто поопливо на сите на Западниот Балкан, порача Вучиќ.