Во пресрет на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес кој ќе се одржи во Софија, утре, на 10.ноември, а со кој ко-претседаваат Македонија и Бугарија и која поради актуелната состојба со КОВИД-19, ќе биде организиран без физичко присуство на медиумите и поголемиот дел од предвидените гости и европски лидери ќе учествуваат онлајн, академик Коцарев вели дека токму на тој ден во светот се празнува денот на науката.

Се чини дека, за жал, науката не учествуваше доволно во пишувањето на Спогодбата од Преспа и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. По мене, МАНУ треба, што поскоро, да иницира различни активности за научна и објективна анализа на двете и Спогодбата и Договорот. Барањето од Македонците да се откажат од користењето на името Македонија или придавката македонски (или нејзино користење само во определен временски интервал и просторен домен),  на пример во: Македонска нација, Македонски јазик, Македонска Академија на Науки и Уметности, да набројам само неколку примери, е апсурдно и бесмислено.  Тоа е исто како што, на пример, Германија да го оспори и државното и националното и јазичното име на својот сосед Франција, чие има потекнува од називот „Франк“, термин кој изворно означува германска народност. Или, како што пишува неодамна д-р Игор Радев, Узбекистан, Казахстан, и Азербејџан, на пример, официјално да  побараат бугарскиот јазик да не се ословува како „бугарски“, затоа што „името Булгар е од туркско потекло, коешто првобитно означувало конкретна турска народност, која говорела на еден од турските јазици од огурската група, чијшто современ изданок како потомок на тој изворен бугарски јазик е чувашкиот јазик што денес се зборува на Волга, во Република Чувашија, која е во склоп на Руската Федерација, заклучува во разговорот за Фактор, академик Коцарев.

Целиот разговор на следниов линк.