Нашиот фокус во овој период и во рамки на регионалната соработка, на Берлинскиот процес и во рамки на билатералните односи е да продолжиме да го почитуваме Договорот и инструментите на Договорот, кои јасно предвидуваат дека историјата ќе биде оставена на историчарите, на академиците и тие треба да најдат заеднички точки што ќе не спојат, за да ни обезбедат иднина на сите граѓани, рече министерот за надврешни работи Бујар Османи, на денешната заедничка прес-конференција со неговите  колеги од  Бугарија, Екатарина Захариева и на Германија, Хајко Маас.