Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи вчера му држеше политички лекции на про опозицискиот новинар Љубиша Николовски на тема избори и калкулациите за вториот круг.

Коалиција сите на една страна не е можна бидејќи ја имаме Левица и ЗНАМ.Ги имаме СДСМ, ВЛЕН и Европскиот фронт. Вие мислите ако Ахмети влегува во таа шема со СДСМ ќе им го даде премиерското место.Тогаш тој ќе бара претседател на држава, премиерско место и од 15 министерства ќе им даде четири.Македонците ќебидат задоволни од мнозинство во државата да станат малцинство во владата? Тоа не е логично.Дури е и спротивно на Рамковниот договор, затоа што тој договор ги брани и Македонците и другите етнички заедници.Јас мислам дека оваа логика ја тера СДСМ на 18 пратеници.Aко ја тераат оваа логика на 8 мај ќе имаат десет посто гласови