Агенцијата за храна и ветеринарство одлучи да го забрани увозот на свинско месо и преработки како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија во Македонија. Одлуката следува по информациите дека во соседната земја се појавила африканска чума.

Од АХВ велат дека од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки, а пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување, информира директорот.

„Засега нема појава на африканска чума кај свињите во Македонија, состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво, укажуваат надлежните.

По препорака од надлежните на 30 јули се донесе и одлука со кое се одобрува отстрел на дивите свињи во земјава.

Освен Македонија, иста мерка денеска донесоа и властите во БиХ и Црна Гора.