Црна Гора го забрани увозот на свињи и свинско месо од Србија. Мерката останува на сила се до добивањето на официјални информации од страна на ветеринарните служби на Србија, односно Меѓународната организација за здрави животни околу потврдата, односно исклучувањето на сомнежите за појава на африканската свинска чума.

Со оглед дека Србија и пријавила на меѓународната организација дека се сомнева за појава на африканска чума кај свињите на нејзина територија, забранет е увозот и транзит пратките на живи домашни и диви свињи, месо и производи од нив преку територијата на Црна Гора од Србија.

„Во екстремни случаи, увоз може да се дозволи на одредени месни преработки, производи од месо и останати производи кои го содржат потеклото од домашните свињи само доколку ги исполнуваат барањата пропишани со Наредба за забрана на увоз и транзит пратките на производите од свињи“, се вели во соопштението на Управата за безбедност на храната на Црна Гора.

Србија пријави четери случаи за кои се сомнева дека станува збор за свинска чума кај домашните свињи, соопшти Светската организација за здрави животни, чие седиште е во Париз.

Три случаи се регистрирани во околината на Белград, а еден во Јужнобанатскиот округ.

Претходно, заради сомнежи дека постојат случаи на африканска чума во Србија и БиХ воведе привремена мерка за забрана на увоз на свинско месо.