Србија пријави четери случаи за кои се сомнева дека станува збор за свинска чума кај домашни свињи, соопшти Светскатa организација за здравје на животните, со седиште во Париз, пренесува Еуроњуз.

Три случаи регистрирани се во околината во Белград, а еден во Јужнобанатскиот округ, наведува организацијата цитирајќи го извештајот на Министерството за земјоделство на Србија.

Во извештајот, неведува агенцијата, прецизирано е дека седум свињи пцовисале од болеста, а дека 114 се еутаназирани. Африканската чума е заразна болест кај животните за која не постои вакцина, ниту лек, но не е опасна по луѓето и тие не може да заболат.

Висусот во Србија е присутен повеќе од две години, бидејќи го има и во Унгарија, Романија и Бугарија. Од овие држави беше забранет и увозот на свинско месо и преработки од истото.