На сметките на 2.100 јаболко производители во Преспа денеска легнаа 106 милиони денари од интервентната мерка за продадено индустриско јаболко во преработувачките капацитети, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

На денешната средба со преспанските земјоделци и градоначалникот Живко Гошаревски, ги слушна проблемите со кои се соочуваат јаболко производителите и разговараа за актуелните теми.

На средбата разговаравме за сите актуелни теми што како Министерство ги планираме, а тоа е пред се започнување плански инвестиции и изградба на откупно дистрибутивен центар во Ресен, истакна Димковски.

Индивидуалните земјоделци имаа можност да добијат и картички за „зелена нафта“. На средбата, според градоначалникот Гошаревски, земјоделците добиле одговори на многу прашања, а министерот бил запознаен со последиците од невремето кое минатиот месец го зафати Преспанскиот регион.

 Завршивме со јанвиот повик за пријавување штети од невремето кое ја зафати Долна Преспа. Пријавени се околу 470 граѓани и зафатени се околу 420 хектари овошни насади. Се договоривме со министерот, административните процедури да се завршат што е можно побрзо со цел граѓаните да се обештетат за пократко време, истакна Гошаревски