Компанијата Бритиш америкен тобако „British American Tobacco“ најави денеска укинување на 2 300 работни места ширум светот.
Како што е соопштено, планот за реструктуирање ќе биде завршен до јануари 2020 година.
Тоа го прават со цел да се прилагодат на промените во навиките на потрошувачите и се поголемиот број корисници на електронските цигари.
БАТ, една од најголемите компании во секторот на тутунската индустрија, бележи пад во продажбата на традиционалните цигари.
Ваквата мерка на компанијата ќе и овозможи да го оствари планираниот промет од пет милијарди фунти до 2023-2024 година на новите производи.
Comments are closed for this post.