Компанијата Бритиш америкен тобако „British American Tobacco“ најави денеска укинување на 2 300 работни места ширум светот.

Како што е соопштено, планот за реструктуирање ќе биде завршен до јануари 2020 година.

Тоа го прават со цел да се прилагодат на промените во навиките на потрошувачите и се поголемиот број корисници на електронските цигари.

БАТ, една од најголемите компании во секторот на тутунската индустрија, бележи пад во продажбата на традиционалните цигари.

Ваквата мерка на компанијата ќе и овозможи да го оствари планираниот промет од пет милијарди фунти до 2023-2024 година на новите производи.