Инфлацијата на Аргентина се очекува да достигне 53 проценти во декември 2019 година, пред да падне на 34 проценти во 2020 година. Овие предвидувања се поставени во буџетот за следната година, објавува Ројтерс.

Проценките на буџетот предвидуваат и дека економијата на земјата ќе се намали во просек од 2,6 проценти во 2019 година, но ќе се врати на раст со стапка од 1 процент во 2020 година.

Според Националниот институт за статистика на Аргентина, инфлацијата во земјата била 47,6 проценти во 2018 година, потсетува ТАСС.

Економската состојба на Аргентина се влоши уште од првичните избори на 11 август, на кои актуелниот претседател Маурисио Макри  загуби  од својот кандидат Алберто Фернандез. Претседателските избори во Аргентина се закажани за 27-ми октомври.