Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево се сретнал ло лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Касами биле во придружба на генералните секретари на партијата, Игор Јанушев И Аријанит Хоџа.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани. На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава“, стои во соопштението од опозициската партија.
Двајцата лидери се договориле и во иднина да продолжат средбите, кои како што се наведува во соопштението ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт.
Comments are closed for this post.