Техеран продолжува да ги почитува обврските од нуклеарниот договор од 2015 со големите сили, изјави на економскиот форум во Душанбеу претседателот на Иран, Хасан Рохани.

„И покрај тоа што САД се повлекоа од договорот и воведоа нелегитимни санкции, кои ги поддржуваат и другите страни, мојата држава продолжува да ги почитува обврските“, изјави Рохани.

Тој додаде дека и останатите држави потписнички би требало да придонесат кон тоа договорот да се одржи.

Претседателот на Русија, Владимир Путин исто така ги повика државите потписнички да го почитуваа нуклеарниот договор со Иран.

Сите се загрижени заради ситуацијата со нуклеарната програма. Веруваме дека единствен разумен начин е државите потписнички да продолжат да се придржуваат кон своите обврски“, изјави Путнин.

Рускиот претседател додаде дека повлекувањето на САД од договорот значи дека сега е многу потешко да се спроведе истиот.

Покрај Русија и САД, потписнички на договорот се и Кина, Франција, Велика Британија и Германија.

Во Душанбеу се одржува конференција за мерките за јакнење на соработката и довербата во Азија.