На митингот во Струмица

Силјановска: Химна не се заборава, химна секогаш се пее

07.04.2019 / 23:21


Кандидатот за претседател  Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Струмица.

Таа повтори дека филозофијата на Заев и СДСМ е кажувам, заборавам, негирам, додека нејзината филозофија е кажувам, помнам, правам, спроведувам.

Родно место на филозофијата и политиката позната како заевизам е ова. Меѓутоа ние овде дојдовме за да рашириме, да отвориме да ве инфицираме со една друга политика па да речеме дека можеби по победат овде таа политика ќе стане македонска политика. Оваа првава без плодна политика, таа првата политика што не создава јавна вредност, а камоли европска вредност е како тријалголник, односно таа гласаше кажувам, заборавам, негирам“, рече Силјановска.

Мој филозофија, но и на луѓето кои ме поддржаа рече таа е – кажуваме, помниме, правиме, спроведуваме.

Силјановска Давкова потенцираше дека Заев и СДСМ не само што заборавиле што им ветиле на граѓаните, туку ја заборавиле и македонската химна, додавајќи дека химната не се заборава бидејќи химната без држава нема.

Не само што го забораваат ветено, политичкото туку го забораваат и минатото, ја заборавија дури и химната. Значи ја заборавија Струмица и цела Македонија. Химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што е химната таму е и државата, таму каде што нема химна нема ни држава“, нагласи таа.

Силјановска додаде дека времето за одлучување доаѓа и побара од граѓаните на 21 април и 5 мај да излезат и да ја поддржат.

Народот е мудар, најмудар е кога молчи и јас така гледав на референдумот, ама времето на одлучување доаѓа“, порача Силјановска.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Стефановски: ВМРО ДПМНЕ е врежаната ДНК на секој чесен граѓанин на оваа татковина

пред 5 часа
Македонија

СДСМ пак се заканува со пуштање „бомби“

пред 10 часа
ИНТЕРВЈУ СО НАЧАЛНИКОТ НА СВР СКОПЈЕ

Топаловски: Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната со „Сејф сити“

пред 11 часа
Македонија

Пропагандата на Бугарија кон Македонија е пуштена на најако

пред 2 дена
Македонија

Се формираше Анкетната комисија на владејачката коалиција за сите трагедии во последните години

пред 2 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Кацарска сигурно не е од гладните, туку од алчните

пред 2 дена
Македонија

Која беше Могерини: Почнаа да паѓаат гаранторите на Договорот од Преспа

пред 3 дена
Македонија

Aдвокатката Коцевска: Митко Јованов е уапсен само затоа што е син на газдата на „Пулс“

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата

пред 4 дена