Демонстрантите одат по македонско сценарио, рече во своето вонредно обраќање по повод синоќешниот упад во РТС министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
„Државата на ова ќе мора да одговори и секој кој беше во РТС насилно, против законски, правел насилство, се заканувал или на друг начин ги кршел законите, ќе одговара прекршочно и кривично, секој човек. Овие луѓе кои се восхитуваат со „македонското сценарио“ и велат дека е прекрасно што некој е осуден во Македонија и што некој дозволил народот да влезе во Собранието, осуден на 18 години затвор, сега го прават тоа, упаѓаат во РТС, повикуваат на насилство, на кршење на законот, на насилство кон новинарите и вработените во РТС“, изјави вечерва министерот за внатрешни работи на Србија – Небојша Стефановиќ.
Доцна синоќа во изјава за Танјуг, премиерката Ана Брнабиќ најостро го осуди насилството на синоќешните протести и упадот во јавниот сервис порачувајќи дека државата нема да толерира насилство.
Претходно и министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, упадот на демонстрантите во зградата на РТС го нарече насилство кое не може да се дозволи.
Колоната од протестот „1 од 5 милиони“ која тргна од Филозофскиот факултет, застана кај зградата на РТС, ја обиколи, а во неа први влегоа лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ и една од организаторките на протестот Јелена Анасоновиќ.
Comments are closed for this post.