Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вечерва најостро го осуди нападот на дел од демонстрантите и лидерите на СНС на зградата на РТС и порача дека државата нема да толерира насилство.

„Најостро го осудувам насилството на Сојузот за Србија и еден дел од учецниците на протестот „1 од 5 милиони“ кои упаднаа во зградата на Радиот телевизија Србија заканувајќи им се на новинарите и уредниците на јавниот сервис. Овој вандалски чин на Ѓилас, Обрадовиќ, Јеремиќ јасно покажува дека од првиот ден планираат да предизвикаат нереди и на насилен начин да ја сменат легитимно избраната власт“, изјави Брнабиќ за Танјуг.

Србија е, како што истакна Брнабиќ, демократска земја во која граѓаните имаат право мирно да протестираат, но никој нема право да го демолира јавниот сервис и да го загрозува животот на новинарите.