Колоната од протестот „1 од 5 милиони“ која тргна од Филозофскиот факултет, застана кај зградата на РТС каде влегоа лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ и една од организаторките на протестот Јелена Анасоновиќ.

Полициска екипа специјалци брзо реагирала за да го спречи хаосот. Вратата на зградата на српската државна телевизија е искршена, јавува Б92

Претходно, на насобраните граѓани им се обрати драматургот Синиша Ковачевиќ, кој рече дека дошол да ги повика, „не на прошетка, туку на марш за слобода“.

„Добивме талог од власта, Божја казна од власта. Ако не кажеме доста, ќе останеме само ние старците, а во старечките домови деца не се раѓаат. Драги пријатели, доста беше, а на 13 април ќе покажеме колку не има. Што е тоа што ние бараме: нешто малку правда и нешто многу слобода“, рече Ковачевиќ.