Демонстрантите кои се собрани пред Претседателството на Србија, каде шефот на државата одржа  прес-конференција, ја пробија заштитната ограда и дојдоа пред службениот влез на зградата.

Веднаш пристигнале и околу 15-на припадници на Жандармеријата, кои не им дозволуваат да се приближат.

Во меѓувреме, камион со демонстранти се наоѓа под полициска опсада и не им се дозволува да се приближат до зградата на Претседателството. Демонстрантите преговараат со полицијата да го одблокира камионот.

Српскиот претседател изјави дека камерите забележале оти бројката пред зградата на Претседателството изнесува 1.023 демонстранти, додавајќи дека оградата е пробиена.

Тој истакна дека не се плаши да држи прес-конференција во вакви услови, нагласувајќи дека „страв не смее да постои од хулиганот и фашистот Бошко Обрадовиќ и тајкунските лидери Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ“.

 Мислеа дека нема да смеам да дојдам овде. Јас немам страв. Можам да го загубам само животот. Ќе продолжам да се борам за Србија и тоа нема ништо поважно, изјави Вучиќ на прес-конференцијата.

Шефот на српската држава, кој се обраќа по повод синоќешниот упад на демонстрантите во зградата на РТС, истакна дека Србија нема да дозволи насилство.