Во моментов се анализираат бројките на заразени со морбили од секој град посебно, па потоа ќе се одлучува дали ќе се прогласи епидмија на Морбили на ниво на цела држава, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој откри дека на Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 29 пациенти од кои 18 деца. Меѓу возрасните четворица се вклучени на респираторни апарати, но не се во животна опасност, уверува Филипче.
Додаде и дека досега вакцинирани се 9.000 деца, што според министерот е одлична бројка и еден од начините ова епидемија што побрзо да заврши.
Comments are closed for this post.