Премиерот Зоран Заев е оптимист дека кандидатот за претседател ќе биде промовиран уште вечерва за кога е закажана средба со коалициските партнери. Тој објасни дека во игра се десетина имиња но не сакаше да открие дали Стево Пендаровски е најсериозен кандидат.

Според Заев, се разгледуваат биографиите и на кандидатите кои се пријавија на конгресот.

Официјалната промоција на кандидатот за претседател ќе се изврши на партискиот конгрес в недела.