Тошковски дека добиле казни преку „Безбеден град“, што според него е потврда дека системот функционира и дека никој не може да избегне санкција поради својата позиција.
Многу, многу, не знаете колку многу ми имаат кажано дека министри, директори, не знам, црковни лица од една, од друга, од трета религија и така натаму. Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната, рече денеска Тошковски.
Министерот посочи дека и самиот добил и платил казна, нагласувајќи дека системот важи за сите, независно од функцијата што ја извршуваат.
На денешната прес-конференција Тошковски најави и дека Министерството за внатрешни работи планира да го прошири проектот „Безбеден град“ со мобилни камери за контрола на брзината, како и со уреди вградени во полициските возила, кои ќе можат да регистрираат сообраќајни прекршоци и додека се во движење.
Тој посочи дека досегашните анализи покажале оти поставувањето камери само на однапред утврдени локации нема да има доволно превентивен ефект. Целта е возачите да бидат свесни дека можат да бидат откриени доколку ги прекршат сообраќајните правила, без оглед на тоа каде се движат.







Comments are closed for this post.