Албанија ќе го поддржи секој договор меѓу Белград и Приштина кој ќе добие поддршка од САД и ЕУ, изјави денеска во Берлин албанскиот премиер Еди Рама.
Запрашан да го искоментира притисокот на САД врз Приштина за укинување на таксите за производите од Србија Рама рече дека Америка е посветена на Косово и дека без САД Косово никогаш не би било ослободено од притисокот на Белград.
Без САД Косово не можеше да биде одлободено од притисокот на Белград и не може да биде независна држава како што е денес. САД беа во позадина на развојот на демократијата во Албанија и имаме јасна насока за стратешко партнерство без оглед на тоа кој е на чело на албанската влада, изјави Рама.
Comments are closed for this post.