Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе реши да ѝ стави крај“, бидејќи сега се достапни „сите алатки“ за борба против коронавирусот, изјави во неделата челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејесус, и го повтори апелите на поправедна распределба на вакцините.
Пандемијата ќе заврши кога светот ќе реши да ѝ стави крај, тоа е во наши раце, достапни ни се сите потребни алатки, изјави генералниот директор на СЗО на конференцијата во Берлин на свеченото отворање на „Светскиот самит за здравје“, годишен собир на професионалци и политичари.
Гебрејесус изрази жалење поради тоа што досега „светот не ги користел мудро тие алатки“ и истакна дека со „близу 50.000 смртни исходи во светот седмично, пандемијата е далеку од крајот“.
Целта на СЗО е 40 отсто од населението на секоја земја да биде вакцинирано против Covid-19 до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година. Гебрејесус постојано истакнува дека жали поради трупањето на вакцините во богатите земји.
Тоа е можно, но само доколку земјите и компаниите кои го контролираат снабдувањето своите зборови ги претворат во дела“, рече челникот на СЗО.
Земјите коишто вакцинирале веќе 40 отсто од жителите, вклучително и земјите од Г20, мора да ги препуштат своите количества во испораката на вакцините на меѓународниот систем Covax и на Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Avat) кој го основаше Африканската унија. Произведувачите на вакцините мора да ги споделуваат своите знаења, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуалната сопственост, објаснуваше Гебрејесус.
Во снимената водео-порака, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и ставени на пазарот во рекордно време, го засени трагедијата на неправедната распределба“.
Comments are closed for this post.