Зоран Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро за сопствени политички поени. Зоран Заев без тронка срам злоупотреби еден трагичен случај, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Зоран Заев за политички цели ги лажел семејствата на убиените деца кај Смилковското Езеро.
Каде исчезнаа лажните вести на Заев, дека невини лица лежат во затвор, каде исчезнаа така наречените бомби кои ќе ја открија вистинската приказна на Зоран Заев – прашува ВМРО-ДПМНЕ
Оттаму додаваат дека по скоро 6 години од бруталните лаги од страна на „монструмот“ Заев вистината испадна на виделина.
Таа е иста како претходно, сторителите на овој грозоморен чин се пред лицето на правдата.Зоран Заев е ноторен лажго, кој е спремен на се, се со цел да добие некој ситен политички поен, или да си ја спаси сопствената кожа од одговорност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата Заев и во минатото ширел лажни вести и за несреќата на Никола Младенов и убиството на Мартин Нешковски.
„Монструмот“ Зоран Заев овие трагедии во минатото ги користеше во неговата партиска агенда, поигрувајќи си со чувствата на многу фамилии.За сите овие лажни вести, ширење на меѓуверска нетрпеливост и играње со чувствата на многу Македонци, за многу брзо време Зоран Заев ќе се соочи со гневот на народот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.