Две седмици по „номинацијата“ на Насер Зибери за народен правобранител, Собранието ќе се обиде денеска да ја пополни оваа позиција која е празна подолго од еден месец, пишува 360 степени.

Изборот на Зибери за народен правобранител е на дневен ред на седницата што почнува денеска, за што треба да се обезбедат минимум 61 глас, како и Бадентерово мнозинство од вкупниот број на пратеници од немнозинските заедници.

Проценките се дека ако сите пратеници од мнозинството присуствуваат на денешната седница, со исклучок на пратеникот на СДСМ кој е заразен со ковид-19, тогаш ќе има точно 61 глас за избор на Зибери.