За последните 24 часа во Бугарија се регистрирани рекордно починати 51 лице од Ковид-19. Досегашниот црн биланс изнесуваше 42 починати и беше регистриран минатиот вторник. Со ова, вкупниот број починати од почетокот на епидемијата се искачи на 1.349 лица.
Податоците покажуваат дека се регистрирани и 2.427 новозаболени и 507 излекувани лица при 7.910 направени тестови.
Најмногу новозаболени се евидентирани во Софија-979, Пловдив-255, Варна-148 и во Благоевград-136 лица.
Хоспитализирани се 2.841 лице од кои на ин тензивните одделенија се наоѓаат 180.
Comments are closed for this post.