Српскиот епидемиолог  и член на владиниот кризен штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус, Предраг Кон, апелираше до жителите на Белград да избегнуваат гужви и собири оваа и следната недела и да се однесуваат „како да е воведена мерка за забрана за движење од 7 до 5 часот“.

Во објавата на Фејсбук под наслов „Специјално барање за белграѓани“, Кон предупреди дека епидемијата ќе биде на максимум или на врвот на третиот бран во текот на оваа и следната недела.

За време на овој период, избегнувајте ги сите гужви и собири. Однесувајте се како да е воведена мерка забрана за движење од 7 до 5 часот. Ако сепак треба да ја напуштите куќата … секогаш носете заштитна маска, особено во затворен простор. Се најдобро! , изјави епидемиологот.