Излегуваат нови детали за терористот во Виена кој е по потекло од овие краишта. Кујтим Фејзулаи долго време го припремал нападот заедно со неговата група во која речиси сите биле родени во Австрија но со странски корени.

Кујтим бил познат на салафистичката сцена во Австрија и посетувал исламистички радикани џамии.

Весникот „Хојте“ тврди дека на средината на јули со еден познаник отпатувал во Словачка за да купи муниција за својот калашников.