Жителка на Данска на 60 години почина како последици од крвно згрутчување после вакцинација со вакцината на АстраЗенека, има „многу необични“ симптоми, објави данската агенција за лекови доцна навечер во неделата.

Според агенцијата, данската државјанка имала намален број на тромбоцити и згрутчување во малите и големи крвни жили, како и крварења.

Програмата на вакцинација во Европа доживеа пореметување во минатите две недели после извештаи на крвни згрутчувања на одредени лица после вакцинација со вакцината АстраЗенека. Дел од земјите како Холандија, Данска, Австрија и Бугарија го стопираа вакцинирањето со оваа вакцина.

Европската агенција за лекови ЕМА објави како нема индикации дека тие случаи се предизвикани со вакцината, што во петок потврди и СЗО.