Белорусија злоупотребувала пари од ЕУ за богатење на Лукашенко, тврди опозициски Телеграм-канал. Докази за обвинувањата не се изнесени, но тие сепак привлекоа огромно внимание во Белорусија.

Дали белорускиот властодржец Александер Лукашенко злоупотребил пари од фондовите на Европската унија? Ваквото обвинување е актуелно откако во понеделникот за тоа извести белорускиот Телеграм-канал „Некста“. Видеото до четвртокот имаше четири милиони прегледи на Јутјуб. Тоа е рекордна гледаност во поранешната советска република со околу 9,5 милиони жители. Иако многу факти се познати, видеото ги заинтересира пред сѐ оние Белоруси кои не се интересираат за политика одамна, пишува реномираниот опозициски весник „Наша нива“ на својата веб-страница.