Свештениците би требало да работат и преку интернет доколку сакаат да се поврзат со луѓето кои веќе не доаѓаат во црква, но се достапни преку социјални мрежи, изјави ватиканскиот експерт за дигитализација Пол Тиње познат по тоа што работеше на интернет презентација на Папата.

Папата Франциско има Твитер профил и околу 18 милиони што го следат

На технолошка конференција во Лисабон тој го повика катоlичкото свештенство ширум светот да прифати користење социјални мрежи за комуникација и пристап до луѓето до кои не може да се допре.