Во снимка што ја објавија од морнарицата на САД се гледа блиската средба на руски ловец „Су-27“ и американски извидувачки авион „Локид ЕП-3Е“ што се случила во меѓународниот воздушен простор над Црното Море.

Како што соопштија од руското министерство за дбрана, Сухојот полетал откако бил забележан неидентификуван објект што се приближува до границата на воздушниот простор на Русија. Авионот се приближил до „метата“ којашто била идентификувана како американски извидувачки авион.

Од друга страна, од американската морнарица го оценија пресретнувањето на нивниот авион „небезбедно и непрофесионално“.

Средбата на двата авиона траела околу 25 минути, а рускиот Сухој прелета пред американскиот авион, при што екипажот на американскиот авион почувствувала турбуленции – објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани официјални лица од морнарицата.

Од таму известуваат дека авионот и по вторпат прелетал крај американскиот авион, но не наведуваат дали Сухојот бил вооружен.