Уште двајца лидери на каталонското сепаратистичко движење, Жосеп Рул и Жоаким Форн, се придружија на штрајкот со глад кои нивните колеги го започнаа пред два дена во знак на протест заради, како што наведуваат, „неправедниот третман“ од шпанскиот правосуден систем.

Како што наведува Ројтерс, Жосеп Рул и Жоаким Форн се наоѓаат во притвор заедно со уште седум сепаратистички лидери, каде чекаат судење заради улогата која ја имале при неуспешнот обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Рул и Форн во соопштението наведуваат дека стапуваат во штрајк како поддршка на протестот на Жорди Санчес и Жорди Турул, кој го започнаа во саботата, поради тоа што шпанските судови не ги обработиле бројните жалби кои се однесувааат на нивниот случај.

Шпанските обвинители ги обвинуваат за побуна, и бараат казна затвор од 17 години за Санчес и 16 години за Турул (фото)

Како во саботата и овој пат, со поддршка преку твитер се огласи каталонскиот лидер од егзил во Брисел, Карлес Пуџдемон. Тој на своите колеги им порача дека се светлина во окото и крената рака горе, а одлуката ја оцени за храбра.