Поради ураганот ,,Доријан” , што ќе удри во понеделник и во вторник на Флорида со јачина од 4. категорија, претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба. Трамп предупреди дека ураганот би можел да биде „апсолутно чудовиште“, пренесува АП. Американскиот претседател им нареди на американските сојузни власти да им помогнат на локалните власти на Флорида во одбраната од ураганот.

Tрамп го откажа патувањето во Полска закажано за викендов за да остане во Вашингтон и да ја следи ситуацијата со ураганот. Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека Доријан е „исклучително опасен“ и претставува значителна закана за Флорида и северозападниот дел на Бахамите.