Грција нема да се опорави финансиски се додека е во еврозоната заради Германија под водството на Ангела Меркел, затоа што за Атина е невозможно да го отплаќа долгот под поставените услови, тврди милијардерот Џорџ Сорос, во интервју за Си-ен-би-си (ЦНБЦ).
По страшната финансиска криза која речиси ја фрли на колена Грција во 2015 година, Атина веќе не е во програмата за спас. Но, според договорот постигнат лани таа мора да спроведува реформи во замена за ослободување од долговите. Во моментов Грција се бори да исполни 16 услови кои не успеа да ги фати во предвидениот рок во 2018.
Претставник на ЕУ во телфонски разговор со ЦНБЦ изјавил:„Тие заостануваат со роковите и со исполнување на условите“.
Меѓутоа како реакција на тоа тврдење, грчкиот министер за финансии, Еуклид Цакалатос изјави за ЦНБЦ дека реформите ќе бидат готови до 11 март, а до тогаш ќе биде објавен и извештајот за напредокот на Грција.
Тука во приказната се уфрла Џорџ Сорос, опишан како „про ЕУ бизнисмен“, кој тврди дека Грција никогаш нема да биде во можност целосно да се опорави се додека е во еврозоната, затоа што нема да биде во можност да го врати долгот. Тој во 2016 година во една колумна напиша дека кога во 2009 искрсна кризата ЕУ под водствотото на Германија дојде да и помогне на Грција, но тоа беше за висока цена.
Земјата мораше да плаќа многу високи камати со што стана невозможно да се сервисира грчкиот долг. За несреќа Германците ја повторија грешката на последните преговори. Повторно и поставија услови со кои (Грција) ја водат кон банкрот. Грција никогаш нема да може да го врати долгот“, истакнува Сорос.
На прашањето дали дали Грција е добро место за приватни инвестиции, Сорос без двоумење одговара:„Не се додека Грција е членка на еврозоната“.
Со еврото земјата никогаш нема да се опорави, затоа што курсот е толку висок, а земјата не е конкурентна“.
Comments are closed for this post.