Кандидатката за претседател на Украина и лидерка на партијата Татковина, Јулија Тимошенко се задолжи со потпис да ги „врати Донбас и Крим” под контрола на Киев доколку победи на изборите.

Гласањето ќе се одржи на 31 март, на кое Украинците треба да изберат еден од 43 кандидати. Според анкети, прво во водство беше Тимошенко, но во јануари ја претрка комичарот Владимир Зеленски.

Рејтингот на актуелниот шеф на државата Петро Порошенко е околу 20 проценти.

Ставам потпис на оваа обврска. Ако не го исполнам мојот ангажман, ќе ја напуштам функцијата претседател. Ќе ги вратам Донбас и Крим, изјави Тимошенко.

Таа, исто така, вети дека ќе го измени Уставот, вклучително и укинувањето на имунитетот на пратениците,
ќе воведе бесплатно образование и ќе им обезбеди кредити со ниски камати на младите семејства.

Тимошенко ветува дека ќе го зголеми приходот на граѓаните „на ниво на Полска”, како и дека „ќе ги уништи” олигархиските кланови, корупцијата и ќе спречи бегство на корумпираните
претставници од земјата.