Православните христијани денес го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител.

Народот на овој ден држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

На овој ден, треба да барате и лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.