Северна Кореја ги прекина разговорите за нуклеарното наоружување на работно ниво набрзо откако ги започнаа разговорите со САД во Стокхолм. Главниот преговарач на Пјонгјанг го повика Вашингтон да го промени ставот, известува Раша Тудеј.

Ким Мионјг-гил, највисокиот официјален преставник кој беше присутен на разговорите, рече дека преговорите се прекинати и дека нема да бидат продолжени најмалку до крајот на годината. Американската страна ја советуваше да ја „преиспита својата позиција“.

Воедно, ова беше првиот состанок на американски и севернокорејски дипломати откако Доналд Трамп и Ким Џонг-ун се договорија одново да започнат дијалог, бидејќи во јуни се сретнаа во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи.

Пред состанокот во Шведска, американскиот секретар Мајк Помпео рече дека е „потребно уште многу работа“, но изрази надеж дека напредок во Пјонгјанг ќе биде постигнат по повеќемесечниот застој.