Германската полиција уапси маж кој кусо време предизвикал паника во пешачка зона во Гринштат, југозападна Германија, каде се појавил со самурајски меч и пиштол.

По неколкуте повици од загрижени минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала истрел и забележала маж во видливо алкохолизирана состојба.

Локалните медиуми јавија дека 50-годишниот маж го предал мечот и пиштолот откако полицијата испукала предупредувачки истрел.

Детали не се познати, а полицијата соопшти дека нема индикации дека инцидентот бил политички мотивиран