Унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, двајцата најистакнати европски противници на нелегалните миграции, се сретнаа во четвртокот на унгарската граница со Србија.
Орбан и Салвини позираа пред фоторепортерите покрај три метри високата ограда од бодликава жица која унгарската влада ја подигна во 2015 како би го спречиле мигрантскиот бран по т.н. „балканска рута“ кој пристигнуваше од Блискиот исток и од Африка.
Салвини, кој како и Орбан жестоко се противи на нелегалните миграции и напоменува дека го брани европското христијанско наследство, го разгледа унгарскиот состав за надзор на границата, меѓу другото и од хеликоптер.
Веруваме дека новата Европа од 27 мај (ден по европските избори) ќе ги штити своите надворешни граници, било да се на копно, како во Унгарија, или во морето, како во Италија“ изјави Салвини на конференција за новинари со неговиот унгарски колега Сандор Пинтером, додавајќи дека „Проблемот не е распределбата на мигрантите кои се веќе тука, туку спречување на пристигнување на илјадници други, изјави тој.
Заменикот на италијанскиот премиер, рече дека Европа би имала далеку помалку криминал и проблеми кога другите европски држави би имале еднакво сериозен и строг пристап кон миграцијата по примерот на Унгарија.
Орбан во изјава пред новинарите рече дека со Европа мора да владеат лидери кои се противат на имиграцијата, обвинувајќи ја ЕПП за отфрлање на десните партии кои завземаат цврст став против имиграцијата. Но сепак, тој не сигнализираше конечен прекин со ЕПП.
Најголемиот политички клуб во Европскиот парламент мора да ја отфрли својата аверзија кон крајната десница, изјави пред средбата во интервју за италијанскиот весник Ла стампа унгарскиот премиер Виктор Орбан, упатувајќи на коалцијата на европските конзервативци и социјалдемократи која веќе долго доминира во европската политика.
Мораме да пронајдеме нов начин за соработка со европското десно крило. Не знаеме каква групација ќе изгради Салвини, но се надеваме дека ќе биде силна. ЕПП мора да соработува со европската десница“, додава Орбан.
Европската народна партија (ЕПП) ја суспендираше партијата на Орбан Фидес наведувајќи ги како причини непочитувањето на владеењето на правото, слободата на медиумите и правата на малцинствата.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.