Во воените судири на вооруженитие сили на САД во Ирак, Сирија, Авганистан и Сомалија минатата година загинале околу 120 цивили, а ранети се 65, соопштија од Пентагон.

Годишниот извештај на Конгресот на САД покажува значаен пад на убиени цивили во однос на 2017 година кога се убиени речиси 800, најмногу заради тоа што забавија операциите против припадниците на вооружената група ИД во Ирак и Сирија.

Според податоците од извештајот, за време на операциите во Авганистан убиени се 76 цивили, а во Ирак и Сирија 42, додека две лица загинале во Сомалија.

Според проценките на Пентагон, ниеден цивил не загинал во Либија и Јемен.

Во извештаите на мисијата на ОН во Авганистан „УНАМА“, објавен во февруари,се вели дека во операциите на провладините сили за време на минатата година загинале 1.185 цивили.

Пентагон тврди дека разликата во проценките на цивилните жртви помеѓу американската војска и „УНАМА“ е заради користењето различна методологија.