САД воведоа санкции кон три ирански вселенски агенции, соопштија од  американското Министерство за финансии.

Санкциите се воведени за иранската Вселенска агенција, Вселенскиот истражувачки центар и за Астронаутичкиот истражувачки институт – се посочува во соопштението.

Новите санкции се воведени во момент на зголемени тензии за иранскиот нуклеарен договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од нуклеарниот договор со Техеран, што беше потпишан со светските сили во 2015 година.

Трамп во последно време изразува подготвеност за продолжување на преговорите со Техеран, но иранските претставници се категорични дека нема да има преговори се додека не бидат укинати американските санкции.